Одложувањето на судските постапки во земјата стана пракса; Ласкарци / Членовите на семејствата бараат правда од 2019 година
Одложувањето на судските постапки во земјата стана пракса; Ласкарци / Членовите на семејствата бараат правда од 2019 година

На Кривичниот суд Скопје му беа потребни осум месеци да ја напише пресудата за маратонското судење од пет години, во врска со трагичната несреќа на автобусот на „Дурмо Турс“ во Ласкарци, каде животот го загубија 16 лица, а 39 други беа повредени. Одложувањето на изрекувањето на пресудата е спротивно на Законот за кривична постапка, кој предвидува дека пресудата мора да биде готова во рок од најмногу два месеца.
„Пресудата која е објавена мора да биде подготвена во писмена форма во рок од 15 дена по објавувањето, додека во комплицирани случаи, со исклучок на 60 дена, рокови кои не можат да се надминат“, стои во Член 407 став 1 од Законот за кривична постапка. ( https://jorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/03/Zakon_za_Krivicna_postapka_150_18112010-2.pdf)
За ова, роднините на жртвите постојано нагласуваат дека процесот Ласкарци е „одложена правда, негирана правда“, подвлекувајќи дека доцнењето се прави намерно.
Прашањето за пролонгирање на судските постапки е една од главните критики на граѓаните, што придонесува за ниската доверба во судството. Ова одложување, освен што го оштетува кредибилитетот на правосудните институции, го оштетува и државниот буџет. Според министерот за финансии, само во текот на 2024 година, Македонија платила 3 милиони евра за недоставување на пресуда во рок.
Судењата на поранешното Специјално обвинителство траат со години, а голем дел од нив се застарени. Една од главните причини е доцнењето на рочиштата, отсуството на странките, но и пензионирањето на членовите на поротата, кои го обврзуваат судијата да го врати судењето од почеток.
Освен ова, тука е и политиката која стави точка во септември 2023 година со измените на Кривичниот законик и со тоа голем број на предмети застареа.
Според извештајот на Судскиот совет за работата на судовите во текот на 2023 година, од 34 судови, само 13 се ажурирани. Не е ажуриран ниту најголемиот суд во државата, односно кривичниот суд – скопје.
Според податоците на Советот за 2024 година, на судовите во земјата во просек им била потребна една година за решавање на еден предмет, додека постојат судови каде што ова време е надминато.
Табела: Просечно време на решавање на предмети во судовите, 2023 година
Управен суд 25,5 месеци
Врховен управен суд 24,3 месеци
Основни судови 10,6 месеци
Апелациони судови 20 месеци
Врховен суд 6,7 месеци
Вкупно 11,2 месеци
Според истиот извештај, над 140.000 предмети чекаат на судски епилог./Алсат.мк
Суад Бајрами