ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Одлуката за минималната плата, според Владата е легитимна, ССМ во петок ќе одлучува за следните чекори

Откако во вторникот на владина седница помина информацијата за утврдување на минималната плата согласно која минималната плата треба да биде зголемена за 1.800 денари, вчера Сојузот на синдикати на Македонија реагираше што ваквата одлука е донесена без договор со работниците. Од Владата велат дека овој износ е утврден согласно законските критериуми за минимална плата и дека одлуката е легитимна.

Advertisements

За петок е закажана седница на Претседателството на ССМ на која ќе се разгледаат идните чекори што ќе се преземат, а според информациите на ССМ за тогаш е закажана и седница на Комисијата за репрезентативност.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, кој е дел од ССМ, Трпе Деаноски вчера во изјава за медиумите рече дека за првпат се носи одлука за минималната плата без консултација со работниците.

– Првпат Владата сама си донесе одлука откога е воведена минималната плата во 2012 година и за неа одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, на седница си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, без да се разговара на Економско-социјалниот совет, без да одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, изјави Деаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button