ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка отвори многу нови дилеми

Одлуката за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка отвори многу нови дилеми

Собранието го прифати решението на Управниот суд за поништување на одлуката од 2023 година за изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска. Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, ова е првпат во Собранието да пристигне такво решение, а првата задача во понеделник ќе биде да се испратат дописи до Уставниот суд и Судскиот совет, заедно со решението на Управниот суд, а потоа ќе се чека предлог за нов член од нивна страна.

Advertisements

„Собранието преку допис прво го известува Судскиот совет да спроведе постапка во согласност со насоките на Управниот суд, односно да ги стават сите кандидати на гласање, а потоа да достават нов предлог до Собранието. Претседателот на Собранието истиот допис, заедно со решението на судот, му го испрати и на претседателот на Уставниот суд“, рече Африм Гаши, Претседател на Собранието.

Елизабета Дуковска неодамна беше судијка за предметот за законот за употреба на јазиците, и со нејзиното повлекување се отвора дилема за можно одложување на одлуката за истиот имајќи предвид дека Уставниот суд претходно усвои заклучок дека за овој предмет треба да се одлучува во целосен состав. Од Уставниот суд официјално велат дека ќе се воздржат од било каков став или коментар до добивањето на официјален извештај.

„Претседателот на Уставниот суд до овој момент не добил официјален извештај. При недостаток на официјален извештај, ќе се воздржиме од било каков коментар или став“, велат од Уставен суд.

Но, извори на Алсат во судот, велат дека правно нема пречки за продолжување на предметот со законот за употреба на јазиците, но дека е многу важно новиот судија да биде избран поради мнозинството. Извори велат дека на седница треба да се одлучи што ќе се прави со предметот каде што Дуковска беше известител, како и дали предметот ќе му биде предаден на еден од сегашните судии, или на оној што ќе ја наследи Дуковска. Бидејќи случајот бил во фаза на упатување, истите извори велат дека за истото ќе биде потребно ново упатување. Разрешувањето на Дуковска од позицијата судија на Уставниот суд претставува неповолна ситуација, поради фактот што, како што велат оттаму, по поништувањето на сегашната одлука, се доведуваат во прашање и други случаи за кои веќе има одлуки.

Дуковска беше избрана за судијка во Собранието на 10 април 2023 година, додека шест месеци по изборот, тужбата ја поднесе Антоанета Димовска, членка на Судскиот совет./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button