ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката за „продажба на свидетелства“ ќе биде донесена утре

Државниот просветен инспекторат во вторник се очекува да потврди дали се побарани пари од учениците или не за да добијат свидетелства за оваа завршена учебна година. Директорот, Ардијан Муслиу, за Алсат изјави дека не може да открие ништо за извршениот увид во одредени училишта се додека не заврши извештајот. Во меѓувреме, Унијата на средношколци повторно ги прозваа средните училишта: Зеф Љуш Марку-Скопје, “8 септември“ и “Никола Штејн“-Тетово како и “Мирче Ацев“-Прилеп за да ги вратат парите на учениците.

„Вратете ги парите затоа што ова е единствениот начин да се  реши овој проблем. Жално е да се наплатува за свидетелства особено во учебна година реализирана онлајн и со многу предизвици и во однос на наставата и во однос на обуката на наставниците“.

Директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ Фарук Зеќири повторно негираше дека такво нешто имало во неговото училиште. Според Зеќири, Ова го демантирале, Просветниот инспекторат, СОветот на родители, одделенските наставници и Унијата на ученици на ова училиште.

“Унијата на ученици на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ досега нема добиено поплаки од ученици на училиштето за свидетелствата“, според она што се вели во медиумите и телевизиите. Ако до нас стигне поплака за ова, ние ќе бидеме со вас и веднаш ќе го известиме училиштето во писмена форма со доставување на нашата жалба“.

Како што тврди УНСШ, учениците биле принудени да плаќаат за пополнување на свидетелствата на компјутер. . Бирото за развој на образованието, кое треба да ги обезбеди свидетелствата, најави дека се очекува свидетелствата да бидат во рацете на учениците до крајот на 2021 година поради ситуацијата создадена со Ковид 19.

Оваа учебна година свидетелства добија само полуматурантите кои треба да се запишат на средните училишта и учениците кои треба да го продолжат своето образование во странство.

 Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button