ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одмазда – можен мотив за вчерашното убиство во Батинци

Убиството во скопско Батинци се уште е неразјаснето. Полицијата се уште трага по сторителите,  а се трага и по мотивите- од кои еден за кои има најмногу индиции е одмазда. Вчера од крушуми од калашников беше убиен 34-годишниот Абдил Ибрахими, а повреден е 31-годишниот сопатник во неговиот автомобил, за кој се верува дека е негови брат. Мотивите за убиството сè уште не се познати, додека очевидци рекле дека од автомобил мерцедес било пукано од две маскирани лица во правец на автомобилот „ФОРД“ со италијански регистарски таблички.

На местото на настанот излезе и Обвинителството, но од таму велат дека во моментот е направена предистражна постапка и одземени се предмети како материјален доказ кој можат да помогне во истрагата. Инаку, без идентификација на сторителите, Обвинителството ќе остане со врзани раце.

Убиството на 34-годишникот  од Црн  Врв во Скопје е последно во низата убаиства што  се случија во последните две години во скопскиот регион, а за кои полицијата и обвинителството не успеаа да ги фатат сторителите и да ги разјаснат мотивите. Нема епилог за убиството на 26 мај на Пластичарка, а нерасчистен остана обидот за убиство на Раде Трајковски во трговскиот центар Ист Гејт на 24 октомври минатата година. Сите овие вооружени инциденти се случија во периодот кога полицијата ја почна операцијата на ниво на Скопје под името „Безбеден град“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button