
Данската биотехнолошка компанија Баварски нордик (БН) објави дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина Имванекс да се продава за заштита од мајмунски сипаници, како што препорача Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела.
Ден претходно, Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување, прогласувајќи го брзото ширење на мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.
„Достапноста на која било одобрена вакцина може значително да ја зајакне подготвеноста на државите во борбата против новите болести, но само преку инвестиции и структурно планирање на биолошката подготвеност“, рече извршниот директор на БН, Пол Чаплин.
Вакцината на БН е вакцина против сипаници што Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри во петокот како вакцина за употреба во превенција од мајмунски сипаници, откако САД и Канада веќе го направија тоа.