Одобрени финансиски средства, гласачите ќе се идентификуваат преку отпечатоци од прсти

Министерството за финансии одговори на Државната изборна комисија по барањето за обезбедување средства за терминали со кои ќе се проверуваат биометриските документи на локалните избори. Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека има средства во буџетот и дека локалните избори нема да имаат никакви финансиски пречки.
„Одговорив на нивното прашање дека можат да ги спроведат сите постапки сè додека проценат дека можат да стигнат на време и сè додека оценат дека според протоколите можат да спроведат такво нешто. Средствата од буџетот ќе бидат обезбедени за реализација на проектот, односно за локалните избори нема да имаат никакви пречки“, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.
Кривичниот законик предвидува обезбедување на над 5.000 терминали за идентификација на гласачите преку папиларни линии и верификација на биометриските документи. Овој метод на проверка на гласачите ќе се примени за прв пат во земјава. Обезбедувањето на опрема според ДИК треба да се изврши што е можно поскоро, пред обуката на набљудувачите за употреба на терминали и нивното поврзување со софтверот на ДИК. Органот за изборна администрација вели дека треба да се разгледа можноста за донации за обезбедување терминали и софтвер, бидејќи нивниот буџет не ги покрива сите трошоци предвидени за спроведување на локалните избори во согласност со Изборниот законик. Премиерот Зоран Заев стои цврсто на ставот дека со локалните избори нема да има предвремени парламентарни избори и дека институциите и партиите треба да се подготват за слободни и демократски локални избори.
Адријан Керими