ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одобрено обвинението против Мухамед Зеќири

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 22 октомври поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, а денеска Основниот суд го одобри. Тоа значи дека Зеќири ќе седне на обвинителна клупа како осомничен за „злоупотреба на службена положба“. Според обвинението, тој го оштетил буџетот со околу 1,4 милиони евра. Имено, како генерален секретар со умисла извршил две дејствија, односно повеќекратно остварување на исто кривично дело, се вели во соопштението од Основниот суд. Во меѓувреме, побарано е да се продолжи куќниот притвор на Зеќири.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button