Одрони од карпи и камења на патот кон тетовско Бањиче

Поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово. Ноќеска паднале поголеми карпи и камења на почетниот дел од патот па таква состојбата претставува проблем за движење на возилата, кои сега треба да се поминуваат врз пешачката патека. Вакви одрони имаше и во февруари 2018 година кога не мни можеше да се помине со возило.
-Овој период, овие три месеци од годината, секојдневно се случува парчиња каллива земја и камења да паѓаат, а сега веќе и поголеми карпи. Ерозивните процеси и свлечишта на земја се случуваат веќе повеќе години, велат тетовци кои ја користат оваа делница од Тетово до Бањиче за рекреација-за пешачење, трчање и велосипедизам.
Околу месноста Бањиче каде има извори со минерална вода постојат и неколку угосителски објекти, а од минатата година патот е продолжен и до селото Бродец.
Оваа делница се целосно се реконструираше окако во август 2015 година имаше невреме и поплава па целосно се оштетни патот. На делови од ридот се изградија потпорни ѕидови кои со текот на годините попуштија, а ерозијата е причина земјата да паѓа врз коловозната лента.
Од општината во неколку наврати досега велат дека на пријавите на граѓаните се реагира во согласност со можностите.