ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одземена дозволата на „5 Летерс“ за производство на канабис

На  предлог на Министерството за Здравство, владата донесе одлука за престанување на важењето на одлуката за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Ресен.

Advertisements

Одлуката е донесена врз основа на мислењето на комисијата која извршила контрола  во објектот лоциран во с. Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот не ги задоволуваат одредбите од законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот. Алсат го следи овој случај со месеци. Уште во јанури објавивме дека полицијата заплени 18.300 корени канабис во фабрика во крушевското село Аллданци,  за кои компанијата немала евиденција. Против сопственикот и фирмата беше поднесена кривична пријава. Истрагата на полицијата беше проширена и во Скопје, каде се канцелариите на компанијата.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button