МАКЕДОНИЈА
Одземени мотоцикли поради предизвикување преголема бучава

Во текот на вчерашниот ден, на територијата на целата држава, санкционирани се 218 возачи на мотоцикли. Од нив, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од МВР.