МАКЕДОНИЈА

Одземени трактори од дрвократци

Во атарот на селото Белушино, Крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И. (57) од село Борино и А.И. (46) од Житоше, крушевско. Тие биле затекнати како со трактори без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација.

Advertisements

Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button