ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Oдземениот имот на Груевски и на Мијалков наскоро ќе биде ставен на аукција

Oдземениот имот на Груевски и на Мијалков наскоро ќе биде ставен на аукција

Остатокот од конфискуваниот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, наскоро ќе биде ставен на аукција. Се очекува државата да инкасира најмалку 29 милиони евра. Ќе се продаваат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште. Овие имоти на Груевски и на Мијалков им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Ќе се продаваат станови на улицата „Бихаќка“, апартмани во „Панорама резиденс“, станови во Охрид, плацеви на Водно и во Центар…

Advertisements

Досега, државата од Мијалкови наплати 332.276 евра од продажба на три стана и гаража на Водно. И тоа, фирмата „Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, сама си ги купи.
Мијалков во јули 2022 година призна вина и се спогоди за „Империја“ и беше осуден на 3 години затвор и исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му беше и имот во вредност од околу 30 милиони евра. Пред да биде упатен на издржување на казната, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи да оди во затворот во Струга кој е од отворен тип.
Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, за спорна набавка на службено возило мерцедес побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button