МАКЕДОНИЈА

Одзивот до 17 часот е помал од минатите локални избори, но е поголем од парламентарните и претседателските избори

На обработени 97,08 отсто од гласачите, излезноста на локалните избори до 17 часот е 41,08 отсто што значи дека гласале 730 603 граѓани, покажуваат последните информации од ДИК.

Advertisements

Во однос на последните локални избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година одзивот е помал за околу 8 отсто. Пред четири години во првиот круг до 17 часот на гласање излегле 49,14 отсто од запишаните гласачи.

Денешната излезност е помала и ако се направи споредба со пресекот до 17 часот од вториот круг на локалните избори во 2017, кога таа изнесувала 43,89 отсто.

Ако се направи споредба со одзивот до 17 часот на последните парламентарни и претседателски избори, пак, тој денеска е поголем.

На претседателските избори во 2019 година заклучно со 17 часот правото на глас го искористиле 35,13 отсто од избирачите. Лани на предвремените парламентарни избори во истиот временски интервал на гласање излегле 38,78 отсто од избирачите.

Извор: 360 Степени

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button