Официјализирана пратеничката група на „Влен“

„Влен“ днеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.
-Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група Влен која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денес пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка група во Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу, рече Ќоку.
Потенцира дека го информирале и претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побарале нова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази и во соодветните работни тела на Собранието. Очекува оваа обврска да се исполни наредните денови.