СПОРТФУДБАЛ

Официјално, Кристијан Трапановски потпиша за Данди Јунајтед

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски повторно замина на интернационална сцена откако потпиша договор со шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед. Тој ќе биде третиот Македонец во првенството на Шкотска, по Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мадервил.

Advertisements

Трапановски потпиша двегодишен договор со еден од најпознатите клубови во Шкотска со можност за продолжување за дополнителни 12 месеци.

„Многу сум среќен, ова е голема шанса за мене. Го имав првиот тренинг денеска, сите ми посакаа топло добредојде. Фудбалот е за навивачите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу одлични работи за навивачите на Данди Јунајтед и едвај го чекам дебито“.

Трапановски досега играше во Шкупи, а го носеше дресот и на Славија Прага, Татран Прешов, Подбрезова и на Брера Струмица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button