ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Огнена група“ на ДУИ: Соработката со Град Скопје е општинска, а не партиска

ДУИ се дистанцира од соработката на градоначалниците на општините Чаир и Сарај со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која вчера именуваше двајца директори на јавни претпријатија предложени од овие двајца градоначалници.

Advertisements

Претседателот на групата на советници на ДУИ во Град Скопје, Бесник Ајети, рече дека оваа партија ќе остане опозиција во градот.

„ДУИ продолжува да биде конструктивна опозиција во Град Скопје, за евентуални промени ќе имате информации од надлежните органи на партијата. Директорите не се наша надлежност туку тие се директна надлежност на советот…. Прашањето ќе ги доставите до градоначалничката“, рече Ајети.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој исто ттака е дел од групата на незадоволни за Алсат потврди дека именувањето на двајцата директори во претпријатијата во Градот Скопје се направи со консултација меѓу Арсовска и градоначланиците на овие општини.

Прашан дали за соработката со Арсовска ја консултирал ДУИ, партијата која го предложи за грдаоначланик, тој вели дека се работи за општинска а не за партиска сорботка. Ганиу додаде дека Арсовска побарала овие две општини да бидат застапени во Град Скопје.

„Треба да бидеме јасни за една работа. Мора да соработуваме институционално, бидејќи ако блокираме, нема да функционира Град Скопје, нема работи ниту нашата општина. Немаме никаков договор со условувања, ова е општинска соработка меѓу нашите општини и градот Скопје“, рече Ганиу.

Данела Арсовска за директор на „Паркови и зеленило“ го именуваше Зухејр Реџепи од Сарај и Саид Саиди од општина Чаир. Од кабинетот на Арсовска за Аласт изјавија дека не се работи за коалиција туку за именувања врз база на ингеренции на грдаоначалникот на Скопје.

Сепак, од групата позната како „огнената група“ на ДУИ која бара промени во партијата, вчера за Алсат изјавија дека именувањата во град Скопје се направени во рамки на соработката на градоначалничката на Скопје со општините Чаири и Сарај и дека тие не стојат зад овие именувања.

Алсат побара став и од централното претседателство на ДУИ за тоа каков ќе биде односот кон градоначалниците на општините за сегашната соработка со Арсовска иако претходно континуирано ја обвинуваа за неуспех во работењето и како соработничка на ВМРО и Левица на Димитар Апасиев, но одговор не добивме.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button