„Огнената група“, изброени денови во ДУИ!

ДУИ не ја признава фракцијата на „Огнената група“. Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, во емисијата „200“ во Алсат, рече дека тоа е спротивно на статутот на партијата. Запрашан дали „Огнената група“ после ова ќе биде избркана од партијата, Ахмети рече дека ќе се постапува врз основа на статутот, што подразбира дека членовите на фракцијата ги бројат деновите во партијата.
„Актуелниот статут кој е на сила, не познава таков начин на функционирање во рамките на ДУИ. Тоа е фракција, тело кое функционира надвор од статутот на партијата, тоа е спротивно на статутот, а статутот е главниот елемент кој дефинира како треба да се однесуваме во рамките на една организација“, рече Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ.
Прашање: Вие сте „За“ или „Против“?
„Јас ќе го почитувам статутот, ќе постапам согласно органите, согласно анализата и извештаите што ги прават нашите партиски тела. Јас сум легалист, ги почитувам извештаите, документите што ги донесовме, моето однесување е во согласност со документите што ги усвоивме“, рече Ахмети.