ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Огнената група ја официјализираше фракцијата во ДУИ

Огнената група и официјално се јавува како фракција во ДУИ. Градоначалникот на општина Чаири, Висар Ганиу, рече дека одлуката е донесена поради тоа што во партијата има двојни стандарди при дебатите и одлучувањето, како и по одбивањето за да се гласа за недоверба на министрите во партискиот совет. Ганиу рече дека имале политички разлики за многу прашања, вклучително и за спроведувањето на албанскиот јазик, статусот на поранешната ОВК и низа други закони.

Advertisements

„Во извештајот на министрите никаде не се споменува придонесот на ОВК, оценуваме дека треба да бидеме подготвени да предложиме закон за регулирање на статусот на семејствата на паднатите борци и воените инвалиди. Започна расправата за Изборниот законик и формирана е работна група во Министерството за правда. Сметаме дека е дојдено време и предлагаме дијаспората да има право да гласа по електронски пат и државата да обезбеди услови за тоа. Законот за казина треба да биде предмет на широка јавна дебата“, рече Ганиу.

На прашањето дали се точни гласините дека ќе ја напуштат партијата бидејќи Статутот на партијата не дозволува фракции, од огнената група велат дека таква одлука не може лесно да се донесе, бидејќи тие не го прекршиле статутот, туку другата страна.

„Незадоволството започна токму од нас, во отсуство на почитување на статусот, а ако е таков пристапот, тоа е манифестација на сила и не би било рационално од политички аспект да се оди до таа точка. Од правен аспект има органи во ДУИ, има надзорен совет кој треба да ја надгледува секоја одлука на партиските органи“, рече Блерим Беџети, ДУИ.

„Јавно велам дека и одлуката еден член – еден глас при изборот на ограноци и разграноци е нестатутарна… исто како и одлуката за воведување на Алијанса во Владата, бидејќи за неа не се разговарало ниту во претседателството или во Генералниот совет, како и одлуката за координаторите за организација на изборите, или како што ги презентираа координаторите за стратешки политички прашања во Чаир и Сарај, не стојат во статутот на ДУИ“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Во редовите на огнената група на денешната конференција беа забележани и други сили. Меѓу нив беше и поранешниот кандидат на ДУИ за тетовскиот огранок Мухамет Амети.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button