ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Огревното дрво недостапно за џебот на граѓаните

Огревното дрво недостапно за џебот на граѓаните

Дрвото, кое е еден од основните материјали за греење на домаќинствата во земјава, секојдневно станува се понедостапно за џебот на граѓаните. Повеќе фактори влијаат на ова. Меѓу најважните е недостигот на работници, за сечење на дрвата од шумите и немањето шумски инженери кои ќе прават стратегија за ревитализација на шумите.а

За алармантната состојба со недостигот од шумарски инженери говори и интересот на младите студенти. Деканот Кирил Сотировски изјави дека и годинава бројот на запишани студенти во шумарските подружници е многу помал од потребниот. Сотировски вели дека оваа академска година се пријавени само 25 студенти, додека земјава има потреба од 50 шумарски инженери на годишно ниво. Тој вели дека поради недостиг на стручен кадар во шумарството, државата во иднина ќе се соочи со големи последици во шумарството и екологијата.

Како што велат надлежните, причината поради која младите не се заинтересирани да студираат шумарство и да работат во овој сектор е ниската плата. Во Македонски шуми минималната плата за физички работници е 18.000 денари, додека просечната плата достигнува и до 24.000 денари./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button