ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Огромни поплави во Бразил, повеќе од 140 загинати

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во понеделникот призна дека неговата земја „не била подготвена“ за историските поплави што го погодија нејзиниот југ и предизвикаа трагедија во која загинаа најмалку 147 луѓе.

Advertisements

Тој најави дека в среда ќе отпатува во сојузната држава Рио Гранде до Сул, трет пат од почетокот на невидените временски непогоди пред две недели.

„Ова е катастрофа од размери за кои не бевме подготвени“, рече Лула за време на состанокот со министерот за финансии Фернандо Хадад и други официјални претставници, на кој од далечина присуствуваше и гувернерот на државата, Едуардо Леите.

Според последните податоци што во понеделникот ги објави Цивилната одбрана, загинале 147 лица, 806 се повредени, а 127 се водат како исчезнати. Повеќе од 600.000 мораа да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 77.000 сместени во училишта и спортски сали претворени во засолништа.

Обилните дождови, кои експертите ги поврзуваат со глобалното затоплување и природниот временски феномен Ел Нињо, погодија повеќе од два милиони луѓе.

Меѓу нив има најмалку 80 домородни заедници, според Домородниот мисионерски совет на Бразил. Во понеделникот, владата соопшти дека доставила пакети со храна и вода за пиење на 240 семејства во три такви заедници во долината Таквари.

Ситуацијата дополнително ќе се искомплицира со доаѓањето на студен фронт кој ќе предизвика пад на температурите, предупреди метеоролошката агенција МетСул.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button