ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, британскиот сој ја испразни кардиологија, откажани прегледите од „Мој термин“

Сите термини од платформата Мој термин се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од Ковид 19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.

„Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа…“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

Во овој Центар се третираат по стотина пациенти дневно од целиот регион на југозападна Македонија и пошироко. Охрид последните десеттина дена е меѓу градовите со најголем број на новозаразени, од кои поголемиот дел се од т.н. британски сој на вирусот.

„…Се должи на непридржување кон мерките, неносење на маски, групирање, не држење дистанца, недоволна хигиена“, рече Горан Балески-директор на општа болница Охрид.

Во болницата во Охрид во моментов има 55 лежечки пациенти со корона вирус од кои дури 35 се на кислородна поддршка. Во Струга тој број е 16, од кои 10 примаат кислород.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button