ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Охрид, дуќанџиите бараат да работат во недела – тогаш е најполно со гости

Охрид како најголем туристички центар во Македонија да биде изземен од новиот закон со кој недела стана неработен ден, бараат сопствениците на мали бизниси и дуќани од Охрид. Тие велат дека ако затворат во недела, тоа сериозно ќе се одрази врз локалната економија и туризмот, ако се знае дека добар дел од гостите, надвор од туристичката сезона, доаѓаат за време на викендите.

Advertisements

„…Сега на 2 јануари Охрид ќе биде преполн со туристи и ќе се соочи со еден од најголемите проблеми. Целата чаршија треба да биде затворена. Значи сите туристи кои ќе дојдат овде, наутро ќе нема ни паста за заби од каде да си купат, а не пак нешто друго…“, вели Маја Бакалова -здружение чаршиски еснаф.

Со мерката за недела-неработен ден засегнати се 150 дуќани со околу 1.000 вработени.

„Ако нас не ни е дозволено да работиме, прво нешто што ќе направиме за да опстанеме е минимум на пола би ги намалиле вработените. Кој како технолошки вишок ќе оди, кој како социјален случај и тоа се е на товар на државата. Кај мене има вработени по 20 години…“, вели Соња Јосифовска- сопственичка на дуќан.

Во една ваква ситуација, од охридската чаршија најавуваат дека ќе работат на 2 јануари во недела. За тоа ќе побараат поддршка од општина Охрид и градоначалникот. За потоа најавуваат иницијатива до централно владино ниво за промени во законот. Велат дека и досега и отсега ќе им исплаќаат дневници на вработените за да работат во недела и да имаат слободен ден во текот на седмицата потоа.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button