ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

Охрид го стигна Скопје во аерозагадувањето / Урбанизацијата една од причините

Охрид го стигна Скопје во аерозагадувањето / Урбанизацијата една од причините

Охрид се дави во загаден воздух, кој според мерните станици на Министерството за животна средина, пикот на загаденост деновиве го имаше на 1 и 2 јануари, кога во одредени периоди од ноќта концентрацијата на пм 2,5 честичките достигна вредност од 245 и 225 на метар кубен. Ако некогаш важеше за воздушна бања, со релативно чист воздух, денес тој ја дели истата судбина на Тетово, Скопје, Битола и други градови. Според експертите една од главните причини за аерозагадувањето на Охрид, па и на Струга е масовната урбанизација, каде цели станбени блокови, никнуваат и во двата града, поради што продорот на свеж воздух од езерото не е можен.

„Оние кои се малку повозрасни се сеќаваат дека ова се случуваше и многу порано, особено откако почна непланираната изградба на високите згради. Тие згради, тие градби кои се проектирани, кои се изградија во првите редови, односно најблиску до брегот на езерото, го спречуваат она воздушно движење кое доаѓаше од езерото кон градот“, изјави Трајче Талески- граѓански активист.

„Во градот и околината се чувствува смог, се чувствува непријатна миризба. Секако една од причините е и тоа. Активистите укажуваат дека го стасавме Скопје, ги стопиравме оние ветрови, како што е стрмецот и не се чуствува повеќе и веројатно една од причините е и тоа“, рече Борче Стојаноски- Еколошко друштво Грашница.

Покрај загревањето во зима, со разно разни нееоколошки материјали, голема улчога во загадувањето има и депонијата Буково, која воздушно е на само неколку километри одалеченост од градот. Густ чад секоја вечер излегува од голем број оџаци на домовите на охриѓани.

„Јас не верував дека некогаш ќе видам дека Охрид е позагаден од Скопје. Еве и тоа се случува. Некои подрачја кои сметавме дека се чисти и заштитени се соочуваат со тоа аерозагадување, кое е штетно по здравјето на човекот. Особено пм 2.5 честичките, малите честички навлегуваат во целиот организам, влијаат на кардиоваскуларното здравје, на менталното здравје, влијаат на развојот на деменција кај луѓето, на растот и развојот на децата. Допрва ќе гледаме што значи ова аерозагадување кај наредните генерации“, нагласи Ана Угринска-експерт.

Лекарите велат дека ако до пред неколку години од 90, само кај 10 лица, биле дијагностицирани проблеми на дишните патишта, сега тој број е дури 80. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вели дека мерките кои години наназад биле преземани за субенционирање на начинот на греење и транспорт, не давале доволно резултати. Решение вели на сите овие проблеми е гасификацијата на сите градови. Смета дека ценовните шокови, кои граѓаните и бизнисите ги почуствувале по однос на електричната енергија, не ги стимулирале луѓето да го заменуваат начинот на греење.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button