ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, игротека за деца со попреченост

Охрид, игротека за деца со попреченост

Сè повеќе се зголемува бројот на деца со интелектуална попреченост во Македонија, предупредува стручната фела. Состојбата станува загрижувачка вели дефектологот Александра Сабрас Апостолова.

Advertisements

„Јас се сеќавам дека бројката јас кога почнав да работам беше многу мала. Последните 10 години станува сè поголема. Некои од факторите се за време на породувањето, некои од факторите се начинот на исхрана, а најмногу влијае стрес-факторот…“, изјави Александра Сабрас Апостолова-дефектолог.

Во Охрид со европски пари почна со работа првата инклузивна игротека во земјава. Нивните родители велат дека се соочуваат со големи проблеми поради слабата поддршка од државата.

„Претешко е бидејќи моето дете има и епилептични напади… Мора да има стручни лица со неа кои ќе може да го познаат тој напад. И финансиски е многу тешко бидејќи само едниот родител може да работи, другиот мора да е континуирано со неа…“, изјави Анастасија Митреска-мајка на дете со церебрална парализа.

„…Училиштата се непристапни за нив, нема соодветна програма за нив, нема дневен центар и затоа се решивме да направиме нешто кое ќе им овозможи на овие деца да излезат од дома, да се социјализираат и да го живеат своето детство како и сите други деца“, Весна Габелеска- Здружение- В.О.П.С – Поддршка Охрид.

Со отворањето на вакви центри на родителите ќе им се овозможи малку да се ослободат од семејните обврски и да работат макар било тоа и со скратено работно време. Во игротеката, за почеток, третман и социјализација ќе добиваат дваесеттина дечиња со церебрална парализа.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button