ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, најатрактивните плажи нема да се даваат под концесија

Поранешни концесионери и архитекти реагираат на јавниот повик кој го објави општина Охрид да се достават идејни решенија за уредување на плажите со шанкови од отворен тип, чадори покриени со трска, песок, лежалки и други прoпратни содржини изработени од дрво.

Advertisements

„Се поставува прашањето ако ги ослободивме плажите, ако се фалевме дека им ги вративме на граѓаните, зошто сега повторно да ги окупираме со лежалки. И претходно плажите имаа лежалки“, рече Љупчо Нечкоски-поранешен концесионер со плажа во Охрид.

„Не мора трска ние сега да се враќаме во 19 век. Во 21 век има други градежни материјали. Тоа е апсурд за мене ние да се враќаме со слами“, рече Ристо Андоноски-архитект.

Шанковите и другата опрема ќе ја постави општината и тие потоа ќе можат да бидат изнајмувани по пат на јавна аукција. Со нив ќе може да се стопанисува најмногу една година, односно од јуни до септември, по што ќе следува ново јавно надавање за следната туристичка сезона. Најатрактивните плажи нема да се издаваат под концесија и нема да се дозволи како во минатото, концесионерите да си градат објекти по нивна волја – велат од општината.

„Не може да се замисли плажа да се дава за два месеци на еден концесионер и наредната година да дојде некој друг. Тие имаат урбана опрема. Или има некој што ќе купи 300 лежалки и чадори за два месеци и после ќе дојде некој друг да купува“, рече Љупчо Нечкоски-поранешен концесионер со плажа во Охрид.

Од општина Охрид велат дека по вклучувањето на стручната јавност, плажите ќе бидат уредени согласно препораките на УНЕСКО и во хармонија до природата..

„Целта е плажите да бидат јавни и достапни за граѓаните, но и во функција на туризмот. Охрид конечно добива градски плажи по сите современи текови и еколошки препораки“, наведоа од Општина Охрид.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button