Охрид пеполн за празниците

Овој Велигден најмногу во сеќавање ќе им остане на двајца школски другари од поморското средно училиште во Сплит, едниот од Бања Лука другиот од Велико Градиште, кои по триесет години повторно се сретнаа во Охрид. Заедно со останатите сооученици, триесет години од матурската прославува ќе ја одбележат овде.
„Тоа е мојот школски другар, со кој не сме се виделе повеќе од 30 години. Дојдовме овде на прослава на 30 години од матурата од некогашното поморско училиште во Сплит и воодушевени сме од Охрид и од македонското гостопримство. Дојдовме 25 луѓе. Не има од цела поранешна Југославија. Некои неа беа видени и по 15, 20 години. Остануваме три дена и ветувам дека повторно ќе се вратам“, вели турист од Бања Лука.
„Прв пат сум во Охрид и е многу убаво.Остануваме овој викенд, дојдов да се видам со моите другари од младоста“, рече еден турист од Велико Градиште.
Бројни гости од земјава и странство го наполнија Охрид за продолжениот празничен викенд. Најбројни се домашните туристи, но и гости од соседните држави. Низ преполниот град, екипата на Алсат забележа организирани групи со туристи од повеќе далечни дестинации, кои овде доаѓаат каде дел од кружни тури низ Балканот.
„Три дена остануваме.Го сакаме Охрид и секогаш кога можеме го посетуваме. Има гости од странство. Убаво е ,раздвижено е,по богато е. Колку повеќе туристи толку по убаво“, рече еден турист од Скопје.
„Дојдовме од Скопје со семејството сум. Прекрасна дестинација е Охрид, одлично место, со богато културно наследство. Остануваме овој викенд, вели еден гостин од Шпанија.
„Ќе прошетаме денес до стариот дел на градот и црквите.Од Охрид ќе ги посетиме Скопје и Крушево. Вкупно во Македонија ќе останеме шест дена. Многу сме задоволни, луѓето се пријателски настроени“, рече гостин од Норвешка.
Се бара место повеќе и во локалните угостителски објекти, a сопствениците на бродови нудеат, организиран разглед на градот низ езеро. Хотелските капацитети се половично исполнети, додека приваните сместувачки капацитети
„Има работа, има доста раздвиженост. Има туристи од многу држави. Короната е при крај и се чувствува тоа што луѓето беа две години заробено со корона вирусот.Имаме прошетки.Разглед на стариот дел на градот, Свети Наум и сите други атрактивни места на Охридското езеро“, рече Зоран Анѓелоски-бродар
Хотелските капацитети се половично исполнети, додека приватните сместувачки капацитети се задоволни од исполнетоста и се надеваат дека ова ќе биде знак за добра летна туристичка сезона.
Мики Трајковски