ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид под посебни безбедносни мерки за посетата на Орбан

Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Охрид, кој на охридскиот аеродром, треба да слета околу 17 часот, со неговата владина делегација, ги зголеми безбедносните мерки низ градот. На потегот од аеродромот, па до туристичкиот комплекс, Свети Наум, има силно полициско обезбедување, а онаму каде ќе помине унгарската делегација е забрането паркирање на автомобили.

Advertisements

„Вчера и денес полициските служебеници интервенираат во делот на  запирање и паркирање на патнички и други моторни возила на овие патни правци.Во време на движење на возилата под придружба ќе биде целосно забранет сообраќајот на оваа траса.Од тука ги замолувам сите учесници во сообраќајот, бидејки ке имаме кратко и привремено запирање на сообраќајот се до поминување на делегацијата,после тоа сообраќајот ќе се одвива нормално“, рече Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.

Посетата на Орбан,доаѓа по цели 11 години, кога во 2013 година исто така дојде во Охрид, каде имаше средба со тогашниот премиер Никола Груевски. Од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов му беше доделен Орден 8-ми септември за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

Покрај тет-а-тет средбата закажана за утре наутро меѓу Мицкоски и Орбан, ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница, по што двајцата премиери ќе одржат и прес конференција. Средбата доаѓа во период, кога Унгарија е претседавач со Европската Унија, а токму Орбан во втората половина од 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија. Партијата на Орбан и ВМРО ДПМНЕ, важат за блиски, партии, а посетата на Македонија, се случува и во време, кога Македонија се задолжи со кредит од 500 милиони евра од Унгарската банка.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button