ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид; Поскапената струја ќе ја испразни сметката на „Водовод и канализација“

Охрид; Поскапената струја ќе ја испразни сметката на „Водовод и канализација“

Охридското јавно претпријатие Водовод и канализација, нема да може да подели плата на своите вработен. Причина, според градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се високите сметки за струја.

„Едно претпријатие како Водовод нема светла иднина, вака како што изгледаат работите. Последната сметка за струја во Водовод е 14 милиони денари, а приходот е 10,5 милиони денари. Плата за вработените е од 8,5 до 9 милиони денари со покачување на минималата плата. Ниту плата, ниту струја може да платиме.Ова е тотален хаос што се случува“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Последната сметка за струја била 2,5 милиони денари. Во слична состојба се и останатите јавни претпријатија. Пецаков бара помош од Владата.

„Ги замолуваме да најдеме начин, барем јавните претпријатија кои се занимаваат со вода, односно кои ја обезбедуваат водата до домовите нашите граѓани да бидат на регулиран пазар и со тоа да може да го издржиме сиот овој притисок, но владата не е подготвена за таков подвиг, однос буџетски нема како да ги обзебеди тие средства со регулираниот пазар и ќе продолжиме ќе имаме проблеми. Најмал проблем се мерките за штедење кои што не само државата, туку и секое семејство и локалните самоуправи ќе мора да се погрижат за зимата која следи. Ние имаме многу поголеми проблеми“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Слична е состојбата и во Водовод и канализација Струга. Ако за декември и јануари сметката за струја била 1,2 милиони денари, последната сметка која стигнала на нивна адреса е десет пати повисока и изнесува 11 милиони денари. Директорот Дашмир Насуфи вели дека ќе биде тешко не само да се поделат плати туку и да се работи нормално.Дополнителен проблем претставува и фактот што сите пумпни станици од кои Струга се снабдува со вода работат на струја, а се очекува сметките во зимските месеци да бидат уште поголеми./Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button