МАКЕДОНИЈА

Охрид се дави во отпад и градежен шут

Охрид се дави во отпад и градежен шут. Честопати сметот завршува во или на брегот на Охридското езеро, но и во националниот парк Галичица. Поради немоќта на државата да се справи со овој проблем, група охриѓани организирани во неформална иницијатива најмалку еднаш во неделата се организираат и доброволно ги чистат дивите депонии. Деновиве го чистеа подножјето на Галичица.

Advertisements

Ја доведовме акцијата и целата наша замисла до ниво на хоби за сите нас. Неврзано, еднаш на десеттина дена се собираме друштво, кој како е слободен и ќе товараме ѓубре на некои невралгични точки, каде што се пешачки зони, каде поминуваат туристи, со цел да имаме почиста природа и некако да влијаеме врз оние несовесни граѓани, на кои полесно им е во шума да го фрлат отпадот, наместо во депонија…“-рече Горан Устијаноски од иницијатива еко фап 25 сек.

Иницијативата засега ја поддржуваат доволен број активисти. Сами набавуваат опрема за собирање на отпад, па дури и камион.

„Сакаме Галичица да биде чиста и средена.“

„Доаѓаме да помагаме во чистење на планината Галичица затоа што животната средина треба да биде почиста.“

„Луѓето не треба да фрлаат отпад на планините. Треба тоа да го прават на одредени места, каде треба да се фрла ѓубре.“

Екологистите апелираат градот да обезбеди лесно достапна депонија за кабаст отпад каде граѓаните по пристапни цени би го депонирале отпадот. Од општина Охрид пак, велат дека проблемот ќе пробаат да го решат преку поставување на  видео-надзор на повеќе локации кои се таргетирани како критични низ градот и околината.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button