ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Охрид станува недостижна дестинација за домашните туристи

Цените во Охрид како во Анталија. За десет дневен престој во некои од охридските хотели, треба да платите слично како во Турција, каде цените се движат од 40 па до 60 евра за полупансион.

Организираните групи од Холандија и Полска,за кои државата одвoјува и субвенции, за седум дневен аранжман  плаќаат од 550 до 600 евра.

„Ако зборуваме за тричлено семејство тоа е една математика, во хотел со три звезди, ноќевање со појадок е од 30- 35 евра по особа на ден.Доплата за вечера е 10 евра.За тројца од ден е 120 евра, за седум дена се 840 евра. Ако во тие седум дена ставиме и кафе, сладолед и други давачки, некаде од 1200 до 1500 евра за трочлено семејство се потребни за седум дневен престој во Охрид, без луксузирање“, вели Владо Суклоски- туристички работник.

Нo, не само ручекот, туку и пиењето кафе станува луксуз во Охрид. Едно кафе во центарот на градот со поглед на езеро се движи од 120 до 180 денари. Шише сок до 160 денари, домашно пиво и до 180 денари. Цените на храната се движат од 5 евра па нагоре. Топка сладолед од 50 до 120 денари.

Туристите се со поделени мислења дали Охрид е скапа дестинација или не.

„За седум дена плаќам 500 евра за мене.Многу е убаво.Има убав поглед и прв пат сум во Охрид“, вели турист од Полска.

„Од Холандија сме. Не не е скап Охрид.Обратно Холаднија би била многу скапа за македонскиот народ. Една недела остануваме во Охрид“, рече еден турист од Холандија.

„Слични се цените како и во Белград.Тука некаде се.Ќе видиме колку ќе потрошиме,најважно е дека е убаво и уживаме.Сепак треба солиден буџет за 10 дена во Охрид“, додава турист од Србија.

Цените во приватното сместување иако се пониски, сепак и тие се повисоки во јули и август и се движат од 20 евра па нагоре од особа.

„Ако Охрид има стратегија да биде дестинација каде ќе имаме побогата клиентела Охрид е конкурентен, но ако гледаме каков тип на гости доаѓаат, Охрид е и за нив скап.Посебно за домашните туристи е доста скап“, вели Владо Суклоски- туристички работник.

„Со главните градови, со главните дестинации на Балканот и Европа, Охрид е се уште ефтин.Некое албанско приморје можеби ценовно е блиску до нас. Но исто такво кафе во Црна Гора, Србија, Хрватска и Бугарија е за три четири пати поскапо.И сместувањето и храната и забавата и автентичноста што може да се купи и се уште сме можеби најевтини“, изјави Зоран Тунтев-професор.

Со овие цени локалните жители на Охрид живеат цела година и со право се чуствуваат како туристи во својот град.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button