ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридската болница денес склучи додовор со седум специјализанти

Додека цели одделенија во болниците низ Македонија се затворени поради недостаток на кадар или пак работат со преполовен капацитет, вработувањата на приватните специјализанти, се гледа како надеж барем за делумно решение на проблемот. Од вкупно 300 кои на ниво на држава во првата фаза треба да бидат вработени, со седум од нив денес болницата во Охрид потпиша договори за вработување.

Advertisements

„Дефицитот колку толку ќе се пополни,но нема да се задоволи во никој случај. Оваа устaнова некогаш броела и до 600 вработени, од кои 80 биле лекари, а во моментот се 53 специјалисти, значи дефицитот е од околу 30 доктори специјалисти. Овој дефицит, една од главните причини е лошата кадровска политика која се водела во текот на годините, како и иселувањето на младите колеги“, рече Горан Маркоски- директор на Општа болница во Охрид .

Само од охридската болница во последните осум месеци во пензија или во приватни болници заминале 10 лекари специјалисти. Според податоци на лекарсктие здруженија од Македонија годишно заминуваат од 200 до 250 лекари, а само во 2023 година и 1.500 медицински сестри. Има и такви кои сакаат да останат дома, но се уште има млади лекари кои размислуваат да работат во странските болници.

„Пред се самиот надоместок на плата, меѓутоа и самото тоа што повеќето специјализанти чекаат и како општи лекари подолг период да започнат специјализација, па потоа и во текот на специјализацијата, а самиот надоместок е основна минимална плата и сметам дека поголем дел од причината е таа“, рече Теодора Настоска-приватен специјализант.

„Секој како индивидуа треба да придонесе да биде подобро.Не само ќе зборуваме дека е лошо, а не придонесуваш. Треба секој со личен пример да придонесе за подобрување не само во ситуаицјата во здравството“, додаде Јован Поп Стефанија-приватен специјализант.

Според некои податоци на Македонија во моментот и требаат најмалку 1.000 лекари./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button