ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридската болница во долгови, позајмува туѓи амбулантни возила

Охридската болница во долгови, позајмува туѓи амбулантни возила

Охридската општа болница е во катастрофално лоша состојба. Поради блокираната жиро сметка со долг поголем од 3,5 милиони евра, кој секојдневно се зголемува, надвор од функција се шестте амбулантни возила, па се позајмуваат возила за транспорт на пациенти до Скопје од други здравствени установи, односно од здравствениот дом од Охрид. Поради тоа возилата неможат да се регистрираат и да се стават во функција.

Advertisements

„Единствена болница бевме во регионот, каде не дозволував да бараме возила на почетокот. Меѓутоа блокирани сметки, поради неможност, сега ги користиме услугите на здравствен дом.И другите болници така прават. Ние бараме да се споиме, како што било порано. Мислам дека тоа беше подобра формула.Под една капа се. Вака здравствен дом се одделени од нас. Возила на здравствен дом користиме а екипа наша оди“, изјави Горан Балески- директор на општа болница Охрид.

Од Министерството за здравство велат дека ја следеле работата на сите јавно здравствени установи, како од стручен така и од финансиски аспект.

„За овој двегодишен период произлегоа трошоци кои не можеле претходно да се предвидат, имајќи ја во предвид состојбата со пандемијата и сите аспекти поврзани со неа“, велат од Министерство за здравство.

Додаваат дека секоја установа има определен буџет кој претходно бил усогласен меѓу менаџментот на здравствената установа во соработка со ФЗОМ.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button