Охридската болница за срцеви заболувања уште чека ангиограф
Охридската болница за срцеви заболувања уште чека ангиограф

Бројните ветувања дека охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања ќе добие уште еден ангиограф останаа само празни зборови. Болницата работи со само еден ваков апарат, кој е неопходен за третирањато на пациенти со кардиоваскуларни заболувања.
Со години Центарот за кардиоваскуларни заболувања,од Охрид, бара од Министерството за здравство, нов ангиограф, но никако да го добие. Сите ветувања досега остануваат само на празни зборови. Станува збор за апарат со кој се третираат пациенти со кардиоваскуларни заболувања од целиот југозападен дел на Македонија, но и од соседна Албанија.
„Премногу е потребен, затоа што ние работиме со еден ангиографски апарат. Сите процедури и елективни пациенти, кои се претходно закажани и итните интервенции се вршат на тој ангиографски апарат и пејс мејкери, така да потребата е повеќе од неопходна“,рече илјана Теговска- директорка на Центар за кардиоваскуларни заболувара-Охрид.
Ниту една власт досега не покажа слух да го реши ова прашање, иако се знае дека болницата е втора по големина во државата, по клиниката за кардилогија во Скопје. Потребна е и уште една операциона сала, со што ќе се намали листата на чекање, која сега е долга.
„Листата на чекање кај нас е месец и половина до два месеци, но сигурно би се скратило многу, ако имаме уште еден ангиографски апарат, кој ни е навистина неопходен.Ние имаме и проект кој е изработен и доставен пред Министерството за здравство, за веќе постоечка сала која ние ја имаме,што знали дека ништо не треба да се доградува евентуално само да се реновира и да се оспособи таа сала, во која сега е нашата дневна болница, за новиот ангиографски апарат да биде таму“, нагласи илјана Теговска- директорка на Центар за кардиоваскуларни заболувара-Охрид .
Честопати апаратот кој за многу луѓе живот значи е во дефект, поради што пациентите се препраќаат на скопските клиники, а оперативните зафати се одложуваат. Прашавме во Министерството за здравство, кога ќе набават нов ангиограф и дали со новиот буџет се обезбедени пари за тоа, но одговор не добивме. Инаку болницата покрива територија со повеќе од 350.000 жители, годишно се изведуваат преку 2500 интервентни процедури, и повеќе од 120 специјалистички прегледи, дневно./Алсат.мк
Мики Трајковски