ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридската општа болница од денеска го редуцира своето работење

Болницата во Охрид ја редуцира оперативната програма. Ќе се оперираат само итните случаи. Прегледите преку платформата „Мој термин“ во дел од одделенијата како што е интерно, се стопирани. Кадарот ќе се користи за болните од корона кои ги има сè повеќе. Во болницата моментално се хоспитализирани 94 пациенти.

Advertisements

„Ќе се оди да се оперираат само малигни болести и итни случаи, со тоа што дел од нервното одделение ќе се пресели на урологија и ќе направиме ротација со медицински персонал од хируршкиот блок кон модуларната болница, геријатрија и интерно, каде што се позитивните пациенти, за да направиме одмор на постоечкиот кадар“, изјави Горан Балев-директор на општа болница Охрид.

Ако дојде до уште поголемо зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти, тогаш ќе се преземат и други мерки, но ќе се внимава и на оние со други болести.

„…Не е во ред и тие што не се од ковид болни да ги враќаме. Секој човек си има мака и други болести“, додава директорот Балев.

Слична е состојбата и во другите болници во регионот кои покриваат пациенти од цела југозападна Македонија. Во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повеќе од еден месец, се третираат само итните и приоритетни случаи. Редуцирана е работата и во Центарот за дијализа во Струга.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button