СПОРТ

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 31 aвгуст

Во периодот од 21. до 31. август по вторпат во Охрид ќе се одржи Фестивалот на водени спортови „Ohrid Water festival 2024“ кој под покровителство на Општина Охрид се организира во нашиот најголем туристички центар.

Advertisements

Фестивалот, всушност деновиве стартуваше со Меѓународниот едриличарски тренинг-камп кој на крај ќе биде заокружен и со Меѓународната едриличарска регата која традиционално во организација на „Акватика Јахтинг“ ќе се одржи на 22. и 23. август, а на која се очекува учество на повеќе од 50 едриличари од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Турција и САД.

Во рамките на Фестивалот на водени спортови ќе бидат организирани бројни натпревари во едрење, веслање, пливање, ватерполо, акватлон, кајак, СУП, традиционални трки со кајчиња и педалинки, а сето тоа ќе биде заокружено и со Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 31. август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button