Охридскиот Центар за култура доби забрана за работа, откако при вонредеден инспекциски надзор на објектот утврдени се бројни пропусти
Охридскиот Центар за култура доби забрана за работа, откако при вонредеден инспекциски надзор на објектот утврдени се бројни пропусти

Охридскиот Центар за култура доби забрана за работа, откако при вонредеден инспекциски надзор на објектот утврдени се бројни пропусти. Иако ги поседувал сите плански документи согласно Законот за заштита и спасување и сите потребни инсталации за таков вид на објект, дел од нив со години не функционирале, иако овде се одржуваат бројни културни и друг вид настани. Даден им е рок до 1 јуни да ги спроведат обврските, во спротивно нема да можат да продолжат со работа, а забраната ќе остане на сила.
„Директорот ме информира дека при анализирање на состојбата на исталациите утвредено е дека громобранот некаде има прекин и мора да се прави нов или истиот да се реконструира, системот за автоматска дојава на шпожар е веќе застарен и неможе да се надградува и мора да се постави нов. Тоа е систем за автоматско откривање на пожар, кој реагира на чад и тополина и ги алармира присутните лица за настаната потреба од евакуација.Исто и хидрантската мрежа им е во прекин“, рече Сашо Тодороски- инспектор за заштита и спасување.
Дел и од театарските претстави на фестивалот Охридско лето се одржуваат овде, па поради обемноста на работите кои треба да се спроведат, неизвесно е дали тие ќе можат ова лето да се играат на сцената на Центарот за култура. Сепак трагедијата во Кочани ги разбуди институциите од долгогодишниот зимски сон
„Ние работиме врз основа на месечен пчлан и годишна програма и со одредена динамика ги поминуваме. Морам да кажам дека до овој настан бевме малку попустливи како инспектори, затоа што државни институции, меѓутоа после ова ќе се оди точка по точка без пардон, затоа што видовме до каде не донесе оваа работа“, додаде Сашо Тодороски- инспектор за заштита и спасување.
„Бидејќи се констатираа низа неправилности, кои можат да ја загрозат безбедноста на вработените и посетителите, се одлучивме за времен прекин на сите настани и манифестации кои беа планирани да се одржат. За санирање на состојбите ќе мора да се распише тендер, процедура која ќе трае можеби и месец и половина но најважна е безбедноста отколку било што друго”, рече Горан Стојаноски-директор на Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид.
Вонредни контроли од ДСЗИ, направиле и во детските градинки во Охрид и Струга. Бидејки се правени пред повеќе 50 години, било утврдено дека тие непоседуваат систем за автоматско откривање и јавувување на пожар, по што им било наложено итно поставување на таков систем. На почетокот на април беше затворена и спортската сала Нико Нестор во Струга, бидејки беше утврдено дека не е безбедна за користење, иако ја користеа повеќе од 1500 ученици и неколку спортски клубови. На едно основно училиште во Струга, му биле наложени мерки за проверка и санирање на целокупната инсталација, меѓу кои и онаа за заштита и јавување на пожари./Алсат.мк
Мики Трајковски