ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридските дуќанџии бараат да работат во недела

Затворените дуќани во охридската чаршија ги полни туристичките места во соседна Албанија, велат сопственциите на дуќани кои денеска со локалната власт и заедно со здруженијата на угостители, занаетчии и хотелската асоцијација се договорија да поднесат барање до Парламентот со кој ќе бараат измени на законот за недела не работен ден.

Advertisements

„На моменти не знаеме дали набрзина е донесен законот или е донесен од луѓе кои што воопшто не биле во Охрид дојдени. Сите тури за 8 ми март од Србија се откажуваат, кога ќе разберат дека Охрид не работи во недела, тие сабота пристигнуваат, понеделник си одат, неможат три дена во ресторан во Охрид да поминат“, рече Соња Јосифовска-сопственичка на дуќан.

„Колку наш народ заминува во соседна Албанија на шопинг. Сега имаме прилепчани, битолчани, кои што доаѓаат овде пијат кафе, но велат нема што да правиме и одиме за 30 километри во Поградец. Во време кога во празници и викенди цела Македонија се слева овде, доаѓаме во ситуација Охрид да е затворен“, рече Маја Бакалова претседател на здружение Чаршиски еснаф, Охрид.

„Сите заедно ќе се обратиме до институциите и до надлежната комисија. Дали ќе носиме измени на законот или ново законско решение или ќе најдеме сосема друг начин, важно е дека Охрид има проблем со тоа што во недела не се работи, посебно периодот на туристичка сезона“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Бараат од овој закон да биде иземен не само Охрид туку и сите останати туристичките центри во државата. Односно да работат непрекинато од први април до 31 септември, како и за време на празниците и продолжените викенди.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button