ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридско-струшките плажи остануваат без спасувачи

Охридското крајбрежје полека останува без спасители на вода, откако добар дел од веќе обучените кадри, заминуваат да работат во странство. Најмногу се упатуваат на хрватското приморје, во Грција, Шпанија, Италија, па дури и во САД каде што се признаени сертификатите кои ги добиваат во Македонија.

Advertisements

„Сите ја напуштаат државата барем од тие што завршиле овде за спасители и одат во некои средини каде платите се доста повисоки, иако ги пратиме трендовите. Секоја сезона имаме навистина солидни плати на ниво на просечна плата во државата, а оваа година тој просек го надминавме. Во Хрватска соработуваат со нас, бараат спасители од нас, но и ние гледаме да ги задоволиме прво нашите потреби, па тоа да гледаме за тоа што на нив им е потребно“, рече Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.

Но, освен заминувањето на работа во странство, има и друг проблем. Секоја година е сè помал интересот кај младите да се запишат на курсот за спасувачи.

„Само пред пет или седум години имавме две обуки, не можевме со една обука да ги задоволиме оние кои сакаа да се обучуваат…“, додава Точков.

Инаку, само минатото лето спасителите имаа дваесеттина интервенции на вадење на давеници од вода и повеќе од 900 интервенции на укажување на прва помош. Во однос на покриеноста на плажите со спасители, од Црвениот крст алармираат дека секоја година сè позагрижувачка е состојбата во Струга, каде од 15-тина плажи, спасувачи има на само две или три од нив.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button