ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридското езеро и понатаму се користи за производство на струја

Охридското езеро и понатаму се користи за производство на струја

Во услови кога енергетските капацитети се во лоша состојба, а државата останува узвозно зависна од струја, Охридското Езеро продолжува да се користи за производство на електрична енергија. Во моментот нивото на Езерото е на само седум сантиметри до минималната кота од 693,10 метри надморска височина и изнесува 693,17.Од Електрани на Северна Македонија за Алсат велат дека ја одржуваат котата на Охридско Езеро на просечно ниво согласно водостопанската дозвола.

Advertisements

„Во 2023 година, Охридското Езеро учествувало со 3,65% од вкупното домашно производство на електрична енергија на АД ЕСМ. Во 2024 заклучно со септември, Охридското Езеро учествувало со 2,86% од вкупното домашно произвдство на електрична енергија“, велат од АД ЕСМ.

Експертската јавност и еколозите со години повикуваат Езерото да не се користи како вештачка акумулација за добивање на струја. Алармираат дека постојаните осцилации и играње со нивото на Езерото најмногу се одразува врз живиот свет во него.

„Кога не работат термо централите максимално се користи таа акумулирана хидро-енергија и тоа е недозволиво.И трошиме во ова време, и затоа ќе ја немаме во зимно време кога повеќе ќе ни треба електрична енергија. Тоа е резултат на недобро управување.Тоа го збориме со години“, рече Константин Димитров-професор.

„Како прв приоритет е водите да се користат за наводнување, пиење, и за потребите на стопанството, а како четврти приоритет е од водите да се произведува енергија. Кај нас треба соодветно да се реагира на тоа и да се заштитат водните ресурси, бидејки како што гледате, посебно за Охридското Езеро, во однос на туризмот, не смееме да дозволиме било каква флуктоација на водните ресурси на Охридското Езеро“, додаде Вангел Фуштиќ-професор.

„Се уште не сме дискутирале за Охридското Езеро, но со ЕСМ ќе го видиме хидропотенцијалот и колку има резерви, мислам дека се околу 28%. Но во право сте ќе се води сметка“, рече Сања Божиновска- министерка за енергетика.

Од ЕСМ уверуваат дека воделе сметка за минималната кота на Езерото од 693.10, со која се обезбедувало биолошки минимум и оти под таа кота нивото на езерото нема да се спушти./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button