Охридското Езеро ќе се издава на концесионери за 12 години
Охридското Езеро ќе се издава на концесионери за 12 години

Намерата на државата да го даде Охридското Езеро, под концесија, на седум различни концесионери за стопански риболов на 12 години, само ќе ја влоши и така лошата состојба која во моментот владее со рибниот фонд во езерото, велат од риболовните здруженија. Езерото повеќе од 5 години е без концесионер, откако на претходниот му беше одземена дозволата.
„За жал тоа ќе биде катастрофа. Ќе биде дозволено по еден километар, два да влезат, доделени се некои количини за лов на 5 тони пастрмка, 8 тони белвица, но искуствата со претходниот концесионер покажува дека, Владата со одлука тоа го менува и дозволува три пати повеќе.Досега неможеа да контролираат еден концесионер, не пак да контролираат седум концесиоери. Тие ќе се истепаат меѓу себе во езеро“, рече Радован Димитриевски- риболовно здружение „Рибарска вистина“.
Шест од вкупно седум концесионер се веќе избрани.Министерот за земјоделие ветува дека на овој начин ќе се постигнела поголема контрола врз езерото .
„Веќе разговараме и со граничната полиција, и со инспекторарот за земјоделство, кој е директно вклучен како надлежна институција за следење на целиот процес, мора да се почитуваат законите, тука нема да има пропусти“, рече Цветан Трипуновски-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Но Димитриевски, предупреудва дека и сега дневно нелегално се ловат од 500 килограми до еден тон риба.
„ Цвета риобократството и нелегалниот риболов.Треба да се појде и во рестораните, продаваат кој знае колку килограми Охридска пастрмка, а нема од каде да ја набават. Жалосно е што овие пет години како нема концесионер, никој не влегуваше да ги контролира рибокрадците. Имам неколку пријави за непознат сторител, немаме познати сторителите“, додаде Радован Димитриевски- риболовно здружение „Рибарска вистина“.
Покрај за стопански, државата го издава Охридско Езеро и за рекреативен риболов на 12 години./Алсат.мк
Мики Трајковски