
Високите цени кои охриѓани, преку цела година ги плаќаат за едно испиено кафе или ручек во некои од локалните ресторани, е причина зошто се погласни се барањата преку социјалните мрежи, освен маркетите да се бојкторираат и угостителските објекти. Дел од економистите велат дека инфлацијата и цените на продуктите не се доволна причина за скапите цени во рестораните и оти инфлацијата сега изнесува само 4%.
„Доколку успавме со бојкотот на супер маркетите да го намалиме приходот за 47% за еден ден, иако не доволно организиран беше бојктотот, тогаш би го намалиле приходот и на угостителските објекти со што ќе ги доведеме угостителите до позиција да размислат дали до недоглед да ги зголемуваат цените и да очекуваат ние да одиме таму“, рече Константин Задравески-економист.
Прашање: Размислувате ли за иницијатива да покренете?
„За бојкотирање на угостителските објекти. Мислам дека би било добро да почнам“, додава Здравевски.
Граѓаните се за бојкот не само на маркетите туку и на рестораните и кафетериите.Велат се чуствуваме туристи 365 дена во годината.
Прашање: Зошто треба да се бојкотираат рестораните?
„Затоа што пензиите се мали, јас земам 15.000 и што ќе направам со тие. Кафето го направија 120 денари. Тоа стана луксуз“, вели еден пензионер.
„Јас како студент не можам да си дозовлам некои работи, а има и периоди и кога не сум вработен и мислам дека треба да се намалат малку цените. Мислам дека треба да се заземе сличен став, за да се доведе некоја промена, треба да се пробуди свеста кај граѓаните. Таков чекор мора да се преземе“…
„Особено Охрид се посебно скапи цените, кога одам на кафе, а едно кафе го плаќаме од 100 до 150 денари. Треба законски прописи да се најде начин како Владата да ги формира цените и како да вршат големи контроли, каде и колку кошта“, велат граѓаните.
Eдно кафе во центарот на Охрид со поглед на езеро се движи од 120 до 220 денари. Шише сок до 180 денари, домашно пиво и до 180 денари. Цените на храната се движат од 400 денари па нагоре, пица од 400 до 600 денари, бургер од 290 до 450 денари. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се повисоки за 5.8 %.
Мики Трајковски