ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО ги утврдува мотивите за истепаниот копретседател на бугарското здружение од Струга

Бекир Кадриески, претседател на струшкото Здружение на Бугари – „Шемето“ е пуштен на домашно лекување, откако завчера, како што пријавил во полиција, бил претепан. Тој за бугарските медиуми кажа дека од страна на напаѓачот бил навредуван со зборовите „валкан Бугарин“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека случајот е расчистен и оти е приведено едно лице. Во однос на мотивите на напаѓачот, Спасовски вели тие ќе бидат утврдувани од Обвинителството. Претходно бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивен претставник бил испратен во Струга за да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза. Од домашното МНР пак, апелираа на воздржаност од предвремени квалификации. Во повикот се додава политичките субјекти и институции во Бугарија да им овозможат на институциите во земјава да ги расчистат околностите на инцидентот.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button