ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО оформи предмет за клиничката болница „Жан Митрев“

Илјадници граѓани плаќале со се што имале за да се лекуваат против корона вирусот во приватната клиника „Жан Митрев“, но десетици од нив го дадоа најскапото, животот. Овој скандал што го објави Лабораторијата за истражувачко новинарство „ИРЛ“ ја потресе државата поради фактот дека за време на пандемијата, пациентите биле подложни на филтрација на крв – како терапија против Ковид, за која плаќале по 5 илјади евра, надевајќи се на нов живот. Но, ова, според истражувањето на IRL, било нелегално клиничко истражување, а било и причина за инфицирање на пациентите со смртоносни бактерии. Јавното обвинителство денеска отвори предмет, иако во Обвинителството со месеци стигнувале пријави од семејства на пациентите.

Advertisements

„Веднаш по објавувањето на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предмет по основ на допрен глас, предвидено со Законот за кривичната постапка. Предметот е доделен на надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на фактите што укажуваат на докази за сторено кривично дело и кривични дела против здравјето на луѓето“, наведоа од Обвинителството.

Од редакцијата на ИРЛ велат дека со месеци наидувале на пречки и глувост од институциите за откривање на информациите. Новинарката Сашка Цветковска рече дека постојат големи сомнежи за мрежа инкриминирана во овој валкан бизнис која граѓаните ја плаќеле со живот.

Во реакцијата на Клиниката „Жан Митрев“ нема објаснување за тврдењата, но се вели дека се целосно измислени.

„Згрозени сме од тенденциозниот говор на омраза, како и од неточните наводи односно фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во јавноста за работата на клиничката болница Жан Митрев. Како институција, ние практикуваме само медицина базирана на докази“, наведуваат од клиниката „Жан Митрев“.

Според истражувањето на ИРЛ, смртноста во ковид пандемијата, во клиниката Жан Митрев е поголема од онаа на државната инфективна клиника, иако бројот на хоспитализации во споредба со клиниките е значително помала. Студијата покажала дека луѓето уплатувале по 12 000 евра . За две години на Ковид, клиниката покажала добивка од 17 милиони евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button