ОЈО останува без шеф, најмалку уште два месеци
ОЈО останува без шеф, најмалку уште два месеци

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе биде без прв човек најмалку во следните два месеци. Советот на јавни обвинители работи на организирање на оваа единица, а изборот на претседател на органот за гонење на организиран криминал не зависи од Советот. Законот за јавно обвинителство предвидува изборот на обвинители за организиран криминал да се врши со непосредно гласови на обвинителите на републичко ниво.
„Обвинителот за организиран криминал се избира со гласање на сите обвинители во Република Северна Македонија. Советот на јавни обвинители го именува кандидатот кој има обезбедено најмногу гласови од листата на кандидати кои ги исполнуваат условите за обвинител за организиран криминал“, стои во Закон за јавно обвинителство, член 66.
Правните околности ги спречуваат и тврдењата дека за прв пат албански обвинител ќе води со организиран криминал. Иако етничката припадност на обвинителот не е услов на конкурсот што го отвори Советот на јавни обвинители, се шпекулираше дека меѓу партнерите на коалицијата СДСМ и ДУИ има договор со ова обвинителство да раководи од албански кадар, доколку СДСМ сака актуелниот главен обвинител Љубомир Јовески да биде избран во Уставниот суд. Ниту еден политички табор до денеска не зборуваше за таков договор, ниту во неофицијални околности со објаснување дека тие не се мешаат во работата на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители.
Актуелната шефица на ова обвинителство, Вилма Русковска, која беше суспендирана поради пречекорување или избрзување на истражната постапка за случајот со поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, тешко дека може да се врати на своето место поради процедурите за кои се товари, едната дисциплинска со одлука на главниот обвинител, а другата кривична поради пријавата на Муареми поврзана со упадот во канцелариите на Финансиската полиција./Alsat.mk
Адријан Керими