ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО: Притвор за неколку члена од криминалната група која криумчарела луксузни автомобили

ОЈО: Притвор за неколку члена од криминалната група која криумчарела луксузни автомобили

Обвинителството му предложи на судот да определи мерки притвор за четири лица, како и мерки за претпазливост за едно лице осомничено за криумчарање и фалсификување службени исправи, а во врска со вчерашната акција за шверц на луксузни автомобили. По вчерашната акција на полицијата и Обвинителството, за едно лице веќе е распишана и меѓународна потерница и по него се трага поради негова вклученост во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила. За еден од осомничените, постапката ќе се води во Грција.

Advertisements

„Уште четири македонски државјани, исто така се опфатени со постапката, меѓутоа во моментов не се неопходни мерки за нивно обезбедување. Единаесеттиот осомничен, пак, е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу ОЈО Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе и биде отстапен на Република Грција. Освен овие 11 осомничени, кривичната пријава на МВР опфаќа уште две лица, меѓутоа нивните дејствија се опфатени во постапката што претходно ја водеше ОЈО Скопје, па пријавите за нив ќе бидат отфрлени“, велат од Обвинителство.

Во овој случај осомничени се вкупно 12 лица, кои се товарат дека во 2021 и 2022 година со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автообили кои предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола. Возилата ги регистрирале во земјава и дел од нив неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници. Меѓу осомничените во овој случај има и службени лица, односно вработени во управни служби за регистрација на возилата.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button