ОЈО: Релевенатниот доказ за „Феникс“ беше доставен 1 јуни
ОЈО: Релевенатниот доказ за „Феникс“ беше доставен 1 јуни

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара политичките партии да престанат со политичките притисоци врз органите на прогонот за истрагата за перење пари со кодно име „Феникс“. Според ова обвинителство, политичките партии мора да се заложат за договор на институционалните капацитети на правните тела .
„Политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат истрагата за случајот „Феникс“ за политички цели. Ги потсетуваме политичките актери за пораката на американскиот Стејт департмент, да се покажат опипливи резултати во борбата против корупцијата преку зајакнување на институционата независност посебно на судството“, велат од – Јавно обвинителство.
Во однос на тајминот кога биле преземени мерки , од ОЈО смеатат дека е неопходно да се истакнат одредени датуми за постапувањето на предметот.
„Релевантен доказ за оваа истрага беше материјално-финансиското вештачење кое беше примено на 01.06.2023 година. Постапката е примена на 01.06.2023 година, додека на 12 јуни именуваниот обвинител го извести МВР за потребните мерки кои треба да се преземат. На 29 јуни обвинителот бил известен дека едно од осомничените лица е запрено на граничен премин во обид да ја напушти државата. Поради тоа, итно беше неопходно да започнат процесни дејствија соодветни на обидот за науштање на државата“, информираат од Јавно обвинителство.
Во случајот „Феникс“ се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот прв човек на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев и двајца поранешни градоначалници на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Алларова. Тие се осомничени дека за 11-те споменици во рамките на проектот „Скопје 2014“, чија цена достигнала и до 58 милиони евра, присвоиле 16 милиони евра. Според обвинителството, спомениците биле нарачани по 4,7 милиони евра по парче, а во Италија цената на чинење била 2,3 милиони евра. Перењето пари се вршело преку офшор компании од Македонија и Италија. Судот одреди мерки на претпазливост, затворски и куќен притвор. Наредба има и за итно замрзнување на имотот на трите фирми. Меѓу осомничените има и вработени во Општина Центар.
Адриан Керими