ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО сѐ уште чека известување по пријавата дека обвинител нападнал жена, кај жртвата констатирани физички повреди

40 годишната скопјанка која минатата недела беше нападната од обвинител од скопското обвинителство, извади лекарска документација откако беше натепна. Докторите констатирале контузија на градниот кош по удар со тупаница, искубани прамени коса како и стрес и страв повторно да не ѝ се случи истото.

Advertisements

Скопјанката беше физички нападната минатата среда околу 22 часот, кога започна полициски час во земјава. Ѝ се јавиле социјални работници за да алармираат дека нејзиниот малолетен внук е оставен сам дома. Мајката на детето е почината, а таткото го немало. Се јавила на таткото кој се појавил со двајца адвокати, но и со обвинителот кој ја напданал. Прашавме денеска во обвинителството.

Прашања до ОЈО:

„Дали обвинителот во средата на 10 – ти март околу 22 часот имал службени активности по претходна координација или насоки од претпоставен обвинител?

Дали МВР до вас испрати известување за напад на обвинителот кој бил пријавен во полиција во четвртокот 11 – ти март во еден часот по полноќ?

Дали ќе се преземат дисциплински мерки против обвинителот, согласно Законот за обвинителство?“

Од обвинителството ни испратија ваков одговор:

„До Основното јавно обвинителство Скопје до овој момент не е пристигната кривична пријава или известување за настанот за кој покажувате интерес. Од тие причини, Обвинителството не е во можност да прејудицира какви постапки ќе преземе додека сѐ уште нема никакви информации за настанот“, одговорија од ОЈО.

Во Законот за јавно обвинителство пропишани се два вида на дисциплински постапки за обвинител – тешка и лесна. Минималната евентуална казна би била опомена и намалување на плата, а максималната – разрешување од функцијата.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button