ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ОЈО Скопје обезбеди докази и нареди обдукција на починатиот во престрелката во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази во врска со синоќешната престрелка во скопски Чаир во која загина едно, а повредени се две лица. На местото е извршен увид од страна на дежурен јавен обвинител од скопското обвинителство, од каде што се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење.
Обезбедени се и се прегледуваат снимки од камери за видеонадзор.
„Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините. Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица“, наведуваат од ОЈО Скопје.