ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО со детали за грабежот во Градскиот парк

ОЈО со детали за грабежот во Градскиот парк

Јавното обвинителство покрена истражна постапка против две лица на возраст од 27 и 21 година, осомничени за кражбата во прдоавницата во Градскиот парк. Според обвинителството, тие влегле во продавницата за бела техника и им се заканувале на сите присутни и на муштериите и на продавачите со оружје и експлозивни материи, а еден од нив ја блокирал вратата и ги спречувал купувачите да излезат. Во продавницата во тоа време имало и 3 деца.
„На 29 ноември двајцата осомничени дошле со тротинети во продавницата за бела техника во близина на градскиот стадион. Тие биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, а еден од нив носел и импровизирана експлозивна направа во форма на динамит. Другиот осомничен влегол зад шалтерот од каде ги одзел парите од касата, а потоа заканувајќи се со пиштол побарал од вработените да го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери“, велат од ОЈО Скопје.
Според обвинителството, двајцата сторители на кражбата, откако им се заканувале по живот на луѓе во продавницата, земале пари во вкупна вредност од 556.146 денари. Пред да заминат, присутните во продавницата биле предупредени да не се јавуваат во полиција и потоа ја напуштиле продавницата. На осомничените им е одредена мерка притвор, поради ризик од бегство или влијание кај сведоците./Алсат.мк

Advertisements

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button